Skip to content

Најпознатите мисли од Џозеф Пулицер, зачетникот на жолтиот печат

Џозеф Пулицер (Мако, Унгарија, 10 април 1847 – Шарлотсвил, Јужна Каролина, САД, 29 октомври 1911), значајно име во американското новинарство. Тој е унгарско-американски новинар и издавач кој оставил парично наследство на Универзитетот Колумбија по смртта во 1911. Се смета за зачетник на „жолтиот печат“, односно на масовниот булеварски печат во светот. Од 1917 година е воведена „Пулицеровата награда“ за новинарство, култура и литература. Учествувал во Американската граѓанска војна (1861-1865), а подоцна станал сопственик на издавачки куќи и бил избран во Конгресот. Тој ја воспоставил Пулицеровата награда. Дел од средствата биле искористени за да се основа универзитетско училиште за новинарство во 1912.

Првите Пулицерови награди биле доделени на 4 јуни 1917 г., а во наше време се доделуваат во април секоја година. Добитниците ги избира независен одбор.Некои од најпознатите добитници на наградата се Ернест Хемингвеј, Тенеси Вилијамс, Артур Милер, Јуџин Онил, Вилијам Фокнер, Џон Апдајк и други. Прочитајте ги во продолжение најпознатите мисли од Џозеф Пулицер.

1. „Јас сакам да разговарам со нацијата, а не со одреден комитет.“

2. Мојот посебен мотив е да им помагам на сиромашните. Богатите можат самите да си помогнат. Јас верувам во самосоздадени луѓе.“

3. Не постои криминал, лукавство, трик, измама, грев коишто не живеат во таинственост.“

4. „Весниците не би требало да имаат пријатели.“

5. „Циничен, користољубив, демагошки дневен печат ќе произведе народ подеднаков на него.“

6. „Она што му треба на весникот во неговите вести, наслови и уводна статија е отсечност, хумор, дескриптивна моќ, сатира, оригинаност, добар литературен стил, јасна збиеност, и точност, точност, точност.“

7. „Постави им го кратко за да го прочитаат, јасно, за да го забележат, сликовито, за да го запомнат, и пред сè прецизно за да можат да бидат водени од неговата светлина.“

8. „Новинарот е стража на мостот на државниот брод. Ги забележува едрата што поминуваат, малите нешта на интерес кои се точки на хоризонтот во убаво време. Тој известува за бродоломот кого бродот може да го спаси. Се напрегнува да види преку магла и бура за да извести за опасноста што следи. Тој не размислува за дневница или за заработката на неговите сопственици. Тој е тука да внимава на безбедноста и благосостојбата на луѓето што му веруваат.“

9. „Парите се многу моќни денес. Луѓето ги продаваат своите души за нив. Жените ги продаваат своите тела за нив. Други ги обожуваат. Моќта на парите порасна толку голема па така најголемиот проблем од сите проблеми е дали корпорацијата ќе владее со оваа земја или земјата повторно ќе управува со корпорациите.“

10. „Секогаш ќе се борам за развој и реформи, никогаш не толерирам неправда и корупција, секогаш во борба против демагозите од сите партии, никогаш припаѓајќи на ниедна партија. Спротивставувајќи се на привилегираните класи и јавните пљачкосувачи, без недостиг на емпатија кон сиромашните. Секогаш посветен на јавната добросостојба. Никогаш задоволен од едноставните печатени вести, секогаш драстично независен. Без страв да ги конфронтирам грешните, дали се пљачкосувачи, плутократи или сиромашни пљачкосувачи.“

11. „Моќта за да се искалапи иднината на Републиката ќе биде во рацете на новинарите од идните генерации.“

12. „Весникот што е верен на својата цел, не само на начинот на кој стојат работите, туку и какви треба да бидат.“

13. „Нашата држава и новинарството ќе се возвишуваат и паѓаат заедно.“

14. „Публицитетот, публицитетот, публицитетот е најголемиот морален фактор и силата во нашиот јавен живот.“

15. „Јас сум длабоко заинтересиран за развојот и унапредувањето на новинарството. Цел живот поминувајќи го во таа професија, сметајќи ја за благородна професија и со неспоредлива важност во влијанието на умот и моралот на луѓето.“

16. „Вешт, објективен и насочен кон публиката печат, со обучена интелигенција која го знае правото и е смела да го прави, може да ја зачува таа јавна доблест без која народната власт е измама и потсмев.“

17. „Сакам да привлечам млади мажи со карактер и способности кон оваа професија, и исто така да им помогнам на оние кои веќе се занимаваат со оваа професија да се здобијат со највисока морална и интелектуална обука.“

18. „Ме нарекуваат татко на илустрираното новинарство. Каква будалаштина! Никогаш не сум научил такво нешто. Имав мало списание кое беше мртво со години и на секој можен начин се обидував да го изградам неговиот тираж. Што можев да употребам како мамка? Фотографија, секако.“

Прочитајте и за историјата што стои зад зборот “жолт печат“.

Напишете коментар