убав војник сум
херој на исцрпени ноќи
полни јасни мисли
за потполната бесмисленост
полни детални мисли
за лесно умирање и исчезнување
убав војник сум
со ордени зафрлени и заборавени
во аглите на најправливите фиоки
од помнењето и љубењето и копнежот
рабовите на бездната се насекаде
секогаш поблиску одошто мислиш
секогаш зјапнати по твојот разум
секогаш гладни и со челуст алчна
по твоите мисли, по твојата светлина
убав војник сум
сам низ пустина ја влечкам пушката
нозете ми се полни сила и плускавци
дланките ми се од лузни и силен зафат
усните ми се планински релјеф
усните ми се тивки и жедни и затворени
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.