Свијана така, во духот на семоќието,
од рацете на тишината,
во канџите на спокојот.
Тука има прашинка, ме гуши одвантре,
сакам да ја исфрлам.
Во свеста на аголот од фрустрацијата,
ме гуши,
не можам да живеам вака,
во спокојот на тишината,
ме прогонува една прашинка.
Сонувај, ми велат,
но, како, не ми дозволува душава,
срцево едвај ритмира,
крвта страшно низ телото циркулира,
чиниш мртовец ќе станам,
на мракот пеплосан ќе му предадам душа,
не, едвај за борба на сонот живеам.
Едвај мечтаам, илузирам, фантазирам,
сила и храброст од ден на ден собирам,
картата која води кон спокојот на тишината да ја добијам.