„Пролет“ е најновото видео наменето за најмалите слушатели коешто веќе е прикачено на каналот Слушај поезија и други приказни. Песничката е дел од збирката „Кратки поеми за најмладите боеми“ (Ѓурѓа) од Александар С. Трајковски. „Како децата ја доживуваат пролетта?“, „Кои чувства ги буди таа во нив?“, „Како тие би ја опишале или нацртале пролетта?“, се прашања кои може да бидат тема на разговор после слушањето на видеото. Во текот на времето за нивните слободни активности пуштете им ја, нека ги учат буквите и боите од текстот што се појавува на екранот.
Можеби ќе сакате да ја погледнете и чуете како звучи и „Тажното носе“ од истиот автор.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.