Мудроста на Зен мајсторот Икио била позната надалеку. Луѓе од секаде доаѓале само за да го слушаат како зборува со надеж дека ќе научат нешто ново за животот, а и она што следи после него. Но, мајсторот Икио бил мудар и како дете. Тоа го објаснува и следната случка:
Кога Икио бил млад, тој имал и сопствен учител по Зен, а учителот имал еден посебен, дури и скапоцен филџан – некој си вид на антиквитет. Икио случајно го скршил филџанот и од страв од учителот парчињата набрзина ги сокрил зад себе. Кога учителот пристигнал, Икио го прашал:
„Учителе, зошто луѓето мора да умрат?”
„Тоа е природно” му рекол мајсторот, „сѐ мора да умре, а додека не умре, сѐ мора да живее.” Икио кимнал со главата, се поттргнал и покажал кон искршените парчиња керамика.
„Изгледа на твојов финџал му дошло време да умре.”
Прочитајте ја и приказната за Филип и Демостен.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.