Двајца пријатели биле застанати околу едно знаме кое се веело на ветерот и остро се расправале.
„Знамето се мрда.” Велел едниот.
„Не! Ветерот се движи.” Велел другиот. И така останале со часови сѐ додека не налетал некој си учител по Зен.
„Учителе.” Викнале тие по него, двајцата среќни што конечно ќе ја завршат расправијата и ќе дознаат кој е во право.
„Што се движи? Знамето или ветерот?” Прашал едниот.
Учителот убаво ги погледнал, а потоа наеднаш им одговорил:
„Ниту знамето, ниту ветерот, туку само мислењето.“
Прочитајте ја и приказната за мајсторот Икио и времето за умирање.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.