Неповторлива – Наталија Наумовска

Една во десет илјади родена,
со нејзината душа планина, борбена
не ќе ја сретнеш често во толпа,
ненамерно се издвојува во секоја група,
неповторлива е таа, необична.

Неповторлива е таа, необична,
водата ја прави поблага,
горчливото кафе со неа е благо,
меѓу сите други ти е најдрага
и нејзиното срце на срцето твое му е драго.

Неповторлива е таа, фантастична,
како да е измислен лик од книга,
толку нереална, а исто толку жива,
оптимистична, хумористична, автентична,
некогаш драматична, егзотична и апатична.

Неповторлива е таа, необична,
ветрот го скротува,
а тој пак косата ѝ ја милува,
брановите ги раздвижува,
создава бродоломи, поплави и бури
покрај неа оживуваат полумртвите божури.

Неповторлива е таа, фантастична,
честопати нејзината појава мистична,
реалистична, рационалистична, карактеристична,
неповторливо, необјасниво своја и себеси доволна
неповторливо неповторлива, чувствителна
генијално генијална, неповторлива.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели