Четките на уличниот чистач на чевли – Васил Пујовски

Четките на уличниот чистач на чевли
знаат многу приказни,
за секој чевел по една,
кој каде патувал,
каде минал,
кој каде се извалкал,
зошто зинал.

Четките на чистачот на чевли
знаат и безброј фудбалски резултати,
знаат најдобро
кој чевел зафрлен седел,
кој чевел каде газел,
во што се валкал,
врз што се јазел.
Многу, многу нешта знаат
четките на уличниот чистач на чевли.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели