Песна за маслинките – Блаже Конески

Си тече реката –
никому не му е жал
дека општината ги исече маслинките
над вода молкум наведени.

Јас помнам зора:
беше тиок час
кога човек чудно нешто чека –
оздрави ме, зоро рујна! –
и пак

со задуман болскот секнаа ѕвездите горе,
далечно сѐ ми стана.
Само маслинките тогаш
сами над смирна река
шумеа утеха мека.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели