Жена – Даница Ручигај

Земја сум.

Здивот твој донеси го

како јужен топол ветер

Ќе ја испијам твојата пролет

Да ме оплоди.

Го барам твојот здив

Да го осетам небото.

Натопена сум од дождови

Што те задоија тебе

Да израснеш

Дај ми ја убавината

На твојот здив

Жена сум,

Ќе те надојам

Да израснеш

Со раце претопени

Во жедта на поилото.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели