Жан Де Лафонтен – Епиграм

Жан Де Лафонтен бил и комедиограф и романописец, но неговата слава се заснова вбрз неговите популарни басни, пишувал и љубовна поезија. Да уживаме во неговиот славен епиграм,  кратка лирска песна во која ја опејува љубовта.

Епиграм

Да љубиме и да уживаме, тие две нешта
не треба никогаш да ги делиме;
наслада и жед, тоа е она, си велиме,
што го спојува душата вешто.
Мажот, жената и две срца младосни,
раѓаат слога полна со радости
од кои лицемерот залудно бега.
Амарилис, запамете сега:
да се љуби без уживање ако вреди нешто,
да се ужива без љубење – тоа е ништо.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели