За Денот на македонската азбука (Од А до Ш) – Благица Гаврилоска

Азбуката наша е нашиот вековен идентитет
Буквите наши се уникатни, со нив учиме да пишуваме и зборуваме
Вродени се во нашите срца и нашата исконска свест
Горди сме што нашата азбука
До нашите срца допира
Ѓердан бисерен со буквите пишуваме
Елегии, песни, раскази и романи
Желни за чувства свои да искажеме
Звукот на зборот наш во цел свет да се чуе
Sун пријатен секому да му биде
И на секој македонец љубовна песна да му пее.
Јас љубам на кирилица да творам
Кирилицата и убавиот збор е мојот приоритет
Лош збор никому не сакам да кажам
Љубовта е таа која ме води
Можеби затоа што не умеам да мразам
Но и дури тогаш кога навреди примам
Дење и ноќе може ќе плачам но со лошо нема да вратам
О прости ми Господе ако и не сакајќи,
Погрешен збор кажам
Разбери ме јас не сакам да лажам
Сè што правам и со љубов делам
Таму каде секому помош му треба
Ќе одвојам од устата своја и
Уста на ближниот свој ќе нахранам
Фалби за помош не сакам да слушам
Храна за душа ќе ми биде кога задоволно лице ќе видам
Целата добрина на светот би ја збрала
Џагорот весел детски да го слушам и
Шепот љубовен од младите да се лее
и цел свет љубов да сее.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели