Skip to content

Концепт за Книга – Веле Смилевски

Ниту една книга не може да биде
Забранета книга
Ветувањето на кладата
Постепено не внесува
Во делот
На ненапишаното.
Затоа
Ниту имало ниту ќе има
Забранета книга.
Но помислата
Да ја исклучиме можноста
За забрана
Е крик
или
Идеја за тестамент
За книга што ќе ја доживее
Слободата за читање
Потребата
Да ја кажеме оваа вистина
Не качува на високо
Слегување од таму нема.

Веле Смилевски (роден на 6 мај 1949 во Ново Село) е македонски поет, есеист, литературен критичар, професор, научен работник и бивш најдолгогодишен во историјата претседател на Друштвото на писателите на Македонија, заедно со Раде Силјан.

Напишете коментар