Песна на денот: „Го барам својот глас“ од Ацо Шопов

За сите кои го бараат својот глас, своите зборови и искази: Нека стиховите на Шопов ви бидат ветер во грбот и инспирација.

Го барам својот глас во молкот див на морето
оно се скаменува.
Во жолтата пустина на есента го барам,
она зазеленува.
Моите раце не се мои раце
(моите раце се прсти на месечината).
Моите очи не се мои очи
(моите очи, очи за далечината).
Мојот збор е тврда вилица на времето
што ‘рти по нивјето со заби на семето.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели