Сонет за скрбта – Васко Караџа

Лисја што лудиот ги завеал ветер,
Онемен камен во понор на болка,
Облак што лета во туѓиот етер,
Солзи што лее и вечно што талка –

Тоа е човекот бегалец тажен
Секогаш в срце тој скрбта ја носи,
Знак на олелија – светот наш лажен,
Непребол вечен, ах срце му коси.

Патопис, ах ако можеше некој
За оваа да напише тажна историја –
Фар тој ќе запали в светот за секој.

Секој за драмата сè нека знае,
Жестока тоа е дискриминација
За искорнатите – неправда зјае.

Разбранети сртови далечни

Разбранети сртови далечни
Треперат во бескјрајот син
Небаре бранови пенливи
Во синевината прозрачна се креваат
– Тоа гривите свои ги нацртале
Планините високи вити
Во длабочината небесна
Величави вечни

Ах како се врежани во мене
тие сртови безбројни
Разбранети разиграни
Во моите сеќавања
И сказни ми шепотат тие
И легенди живи
На мотиви мили
Егејски

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели