Кога љубовта бледнее – Сабахета Ета Мерсими

Животот е чуден, сè се врти во круг како месечината додека орбитира околу Земјата во елипсовидна траекторија, сите некако исчезнуваме во некој мрачен простор. Тивко си заминуваме.. Љубов која згаснува во нашите сетила. Исчезнуваме во лавиринти од каде што нема враќање… Како да сме тргнале во погрешни бескрајни насоки во соништата за некакво достигнување во трката за пари…

Гордо се губиме, нашата љубов умира заедно во соништата… Исчезнуваат лелеавите соништа исполнети со акорди од серенади како што се пееја на прозорците на нивните најсакани… Времето лета, нè носи како ветер со виор далеку некаде, виртуелната технологија нуди љубов, ги кажуваме соништата, нашите желби и таги и ги слушаме вашите, нешто се губи не е исто.

Времето застана за дружење со физичко присуство, муабетење, долга платонска љубов, писма напишани со стихови како грст бисери нанижани со љубов од срце и душа. И сега? Уживаме во постоечката аномалија, уживаме во умирачката љубов, се колнеме. Сè уште чекаме да ги слушнеме акордите на серенадата испеани на прозорецот. Надевајќи се дека ќе ни ја наполнат душата и ќе го вратиме мртвото време будејќи се во подобро утро. Прегрнувајќи се насмеани, за да ја оживееме љубовта што полека, полека згаснува.

Сабахета Ета Мерсими

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели