Два грчки мита за Јон, татко на едно од првите грчки племиња, Јонците

Јон  е син на Ксутос, (син на Тесалијаецот Хелен) и на Креуса, најмладата ќерка на атинскиот крал, Ерехтеј. Постојат две верзии за овој грчки мит, вклучувајќи го и оној напишан од Еврипид каде што тој е вонбрачен син на Креуса и Аполон. Според легендата, Јон е основач на јонскиот народ.

1 легенда

Двојката имала три сина, Дорос, Ахеос и Јон. Ксутос, протеран од Атина од синовите на Ерехтеј, се засолнил во Ахаја, на северот на Пелопонез, област наречена Егилеја, односно „регион покрај морето“, чии жители се нарекувале Пелазги. По неговата смрт, Ахеос се вратил во Тесалија, земјата на неговите предци, додека Јон сакал да се насели во Егилеја. Селенос, кралот на Егилеја, му ја дал раката на неговата ќерка Хелице и го направил негов наследник. По смртта на Селенос, жителите на Егилеја го добиле името Јонци, по името на нивниот нов крал.

Јон го основал градот Хелице, на името на неговата сопруга, на брегот на Коринтскиот Залив, на устието на реката Селинос. Откако избувна војна меѓу Атина и Елевзида, Атињаните го повикале Јон на помош. Тие триумфирале, но Јон бил убиен. Тој беше погребан на местото наречено Потамос, во Атика. Тогаш Јонците биле протерани од Егилеја од потомците на Ахеос. Јонскиот народ, оние кои го наследиле Јон, протерани од Егилеја, емигрирале во центарот на западниот брег на Мала Азија, во земја која се нарекувала Јонија.

2 легенда

Богот Аполон се соединува со Креуca кога таа веќе била омажена за Ксутос. Креуса го „изложила“ детето, односно го оставила во една пештера. Било земено и пренесено во Делфи од Хермес, кој му го доверил на Питија. Еден ден Креуса дошла во Делфи со нејзиниот сопруг да се консултира со пророштвото затоа што тажеле што немале дете од нивниот брак. Ораклот му рекол на Ксутос дека првиот човек што ќе го сретне кога ќе го напушти храмот е неговиот син. Токму тогаш го запознал Јон. Тој му го дал ова име, кое доаѓа од грчкиот партицип на глаголот оди, односно јон, затоа што го нашол „одејќи“ (по пат). Но, потоа се раширилегласини за кои слушнала и  Креуса дека Ксутос ќе стави на тронот син, негово копиле. Креуса тогаш се обидла да го убие Јон.  Ксутос само требаше да организира гозба во негова чест. Креуса ставила отров виното што било наменето за него.

Но, Аполон му пришол на помош. Јон видел како еден роб дава лош знак и си ставил ново вино. Ја истурил содржината на својата чаша на земја и светиот гулаб на Аполон дошол да го испие. Веднаш починал.  Младиот човек разбрал каков заговор смислила Креуса и се подготвил да ја убие, без да знае дека таа е неговата мајка. Тогаш Питија, преплашена, отишла да го земе повојот што го носел како дете, докажувајќи дека е син на Креуса. Јон станал крал на Атина и го распределил својот народ меѓу четирите јонски племиња наречени Гелеонти, Егикореси, Аргади, Хоплети, по имињата на неговите синови.

Прочитајте го и митот за Вавилонската кула.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели