Skip to content

Поезија за деца: „Во светот на бајките” од Васил Пујовски

За денес како избор за најмалите, ви ја приложуваме магичната песна на Васил Пујовски насловена „Светот на бајките“. Песната е лесна, интересна и примамлива за читање. Се надеваме дека, заедно со најмалите, и вие ќе уживате.

Крај езерото
на песокта
дечињата направија песочен замок,
потем неколку кули
и куќарки од ситен камен.

… И тука ги збраа:
седумте џуџиња,
Снежана и Синиот принц,
седумте јариња,
Црвенкапа и нејзината баба,
добриот ловец,
Алиса од земјата на вистинските чуда.

Вечерта
дури брановите светот на бајките го сронуваа
дечињата во своите постелки спокојно
сонуваа,
сонуваа,
сонуваа.

Напишете коментар