Поезија за деца: „Врапче-сивокапче“ од Ненад Џамбазов

Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Врапче-Сивокапче“ од Ненад Џамбазов. Песната е кратка, но интересна, баш погодна за дечиња кои сега започнуваат да читаат песнички. Уживајте во читањето.

Врапчето е чудна птица,
посилен од мраз и студ,
не го плаши него зима,
кога фучи ветерот луд.

Сал да има трошки, жито,
тогаш чуда в зима прави
и без бунда и без шалче,
тој со песна ќе се јави.

Врапче, врапче сивокапче,
да си вечно здрав и жив,
те сакаме многу сите,
штом запееш: џиџ, џив, џив!

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели