Skip to content

Поглед

Се сеќавам дека ми потона во погледот.

Се вгнезди во клепките

И си направи дом од свила

Стана кожурец , и очекував да прелеташ како пеперутка

За да излезеш пред моите очи .

Но,  ти го сакаше очното гнездо

И зениците мои ти беа приспивни песни

Kапаците  очни мои ти беа рајски врати

Од клепките исплете птичје гнездо

И се враќаше секоја пролет

Од  ладнината на југот

Зошто во мене беше топлината на северот.

Се вгнездуваше, преспиваше и понекогаш заминуваше.

Но, се враќаше, секогаш.

Зошто во погледот е секогаш сé

Она што ни недостига,

Сé она што останало неизречено,

Неизречено како твојата љубов.

Напишете коментар