Да се фатиш за метла (Еколошка песна) – Наталија Н.

Да се фатиш за метла не е срaмно,
да оставиш ѓубре зад себе е жално,
колку си свесен за себе и околината е важно,
ако немаш почит кон природата, навистина е тажно!

Да се фатиш за метла,
за мотика и лопата,
рацете да си ги извалкаш
и со пот да си ги измиеш,
работата и трудот се активност светла.

Да се движиш – значи си жив,
да си активен – значи живееш.

Кога метлата ќе ја замениш со книга,
а по некое време книгата пак со метла
и духот и телото си ги нахранил,
кога работиш чесно,
ништо не е лесно.

И сто сертификати и дипломи да имаш
ако зад себе постојано ѓубре оставаш,
вредноста нивна исчезнува ко пареа,
не дека се мери знаењето со чистота,
ами дека човечноста не зависи од звањата.

Да се фатиш за метла,
нередот во ред да го претвориш,
да е сè на свое место,
чистотата да си ја изградиш чесно,
фати се за метла,
на педатноста врата да ѝ отвориш.

Да се фатиш за метла,
патот да си го исчистиш,
еколошки совесен да бидиш,
да знаеш колку вредиш.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели