Skip to content

Толкувач на соништа – Влада Урошевиќ

Денес, како избор од трезорот на македонската поезија, ја имаме поемата „Толкувач на соништа“ од поетот Влада Урошевиќ. Како што е случајот со повеќето песни на Урошевиќ, така и во оваа имаме преминување на границата на реалноста и лежерно впуштање во светот на соништата, чије толкување мистично е опишано подолу. Уживајте во читањето.

Ни самиот тој не знае колку
луѓе му доаѓаат дење.
Тој, на соништата толкувач,
ги познава од пред будењето.

Додека бавно џвака локум
и срка слатко од ружи
тој соништата им ги толкува,
низ тајните значења кружи.

Понекогаш само нема ништо да рече.
Среде збор одеднаш замолкнува.
Се присетува дека од вечер во вечер
тој сонува еден друг толкувач.

Напишете коментар