Ѕведени мигови во мојот живот кои
ги отвори вратата на судбата,
случајноста или мигот созреан
Одговорот сè уште не го знам.
Но кога еден чекор ќе направи секој
Кога само на едно скалило ќе пробаш да застанеш
за по него да се качуваш
Земи ја одлучноста со себе
а храброста сама со тебе ќе дојде
зашто твојата одлучност ќе ја понесе
и тогаш неодлучноста и стравот
и без напор и без фрустрации
нерешителноста нерационална
ќе останат зад твојот грб.
Чекори напред а на нив
заборави
И нека е така, нека е така,
Ти продолжуваш понатаму,
во правец само НАПРЕД
патеката сама те води.
Инерцијата те зеде под свое,
универзумот веќе го слушнал
твојот нем глас и твоите желби
во ѕвездите ги запишал,
а твоите желби ги услишал.
Чекори напред,чекори само напред
звездената прашина
ќе ти го покаже патот и
понатаму ќе те води и
дозволи да те води