Музичката рок-група Ареа со нова песна и спот: „Јаве или сон?“

Музичката рок-група – Ареа, добропозната на публиката, им поклони на слушателите нова песна и спот за „Јаве или сон?“. Песната е во режија, сценарио и камера на Александар Ристовски. Ружица Милошеска Брчиоска е вокал, а групата брои уште четири членови. Огромно е задоволството на љубителите на нивната музика, а со овој спот е и најавата за новиот албум кој го очекуваат со нетрпение. Гостиварската музичка група своите почетоци ги имаше во 1991 година, а оттогаш создадоа многу незаборавни хитови.

„Сите мои слики“ е нивна најпрепознатлива песна која беше хит и со неа групата стекна голема популарност. „Нешто недостасува“, „Фреквенција на љубовта“, „Одведи ме“ се дел од нивните хитови. Во 1992 година, групата настапила на „Поп рок Фест“ во Скопје, каде што го освоила првото место и го снимила својот прв албум. Албумот, насловен „Случајно тука“ бил прогласен за дебитантски албум на годината. Ареа досега имаат снимено шест музички албуми, зад нив имаат неколку музички концерти и бројни настапи низ земјата и странство.

Ланската година (2021) групата го објави новиот спот за нивната песна: „Отсекогаш“ која беше големо изненадување за фановите, а беше дочекана со позитивни реакции. Спотот е одличен, како и целокупниот пакет текст, музика, глума итн. Со оваа песна Ареа уште еднаш го потврдија веќе нивниот докажан квалитет. Со најновиот албум оваа година се очекува повторно да блеснат во нивниот полн ек и да се слушнат нови хитови. Обожавателите на нивната музика со нетрпение ги чекаат новите песни. Дотогаш, уживајте во песната и спотот од Ареа.

Дали си јаве или сон?

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели