Албиј Тибул (латински: Albius Tibullus, 55 п.н.е. – 19 п.н.е.)- е староримски поет. Уште во раната возраст Тибул покажал дарба за пишување и напишал песна посветена на Месала, еден од највлијателните луѓе во Рим, кој ги ценел и ги помагал писателите. За разлика од Вергилиј и од Хорациј, Тибул никогаш во своите песни не го споменал царот Октавијан Август, ја проколнувал војната и го опеал мирниот селски живот. Од неговото творештво се сочувани четири книги (од кои само за првите две недвосмислено се знае дека се негово дело) со елегии (во елегиски дистих) во кои ги осудува војните, го фали идиличниот селски живот и пее за своите сакани жени: едната се викала Планија, а во песните ја нарекол Делија, другата била Немесис, а третата била Глицера. Сите неговии елегии имаат буколиски карактер. Ви претставуваме дел од неговата елегија „Против војната“ во која ја проколнува.
Против војната
Колку суров и срце од железо биело и оној
којшто измислил прв, убиствен, страотен меч.
Тогаш човечкиот род се предал на колежи, војни
тогаш до страшната смрт, пократок се создал пат.
Виновен кутриот не бил тој, вината сепак е наша,
зошто кон сите крвави свртевме зла.
Мечот е изнајден за диви ѕверој и немало војни
златото виновно е, богат се станува со меч.
Кога чаша од бука на гозбите стоела, немало кули,
немало пилја за бој, пастирот в спокоен сон
спиел сред своето стадо овци со различно руно
безбеден во својот мир, сигурен в полската шир.
Тогаш да живеев јас за оружје нема да знаев
ниту со трепет во град, трибун ќе слушав јас звук.
Сега ме водат во војна и еве, можеби веќе
некој непознат враг, стрела ми готви за в град.
Но, вие татковски Лари чувајте ме истиот мене
што ме одраснавте здрав дур трчав околу вас.
И не се срамете што сте направени од старо дрво
вие сте в древниот дом на мојот дедо стар.
Повеќе почит кон верата имаше скромниот обред
кога во малиот храм седеше од дрво бог.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.