Денес за најмалите ја имаме стихотворбата „Сончева песна“ од Стојан Тарапуза. Кратка и интересна песничка во која, преку римата, ритамот и прекрасните поетски слики се опишани Сонцето и убавината на сончевиот ден. Се надеваме дека заедно со најмалите ќе уживате во читањето.
Сонцето свети, сонцето сјае,
сонцето безброј волшепства знае.
Внеси го в соба, стави му клатно,
ќе ти го мери времето златно.
Вдени го в коса, врзи го здраво,
ќе ти го симне од душа стравот.
Всели го в очи, стави му двоглед,
ќе ти го злати целиот поглед!
Сонцето свети, сонцето сјае,
сонцето безброј вештини знае!
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.