Ели Маказлиева – Преображение

Денес, помолете се!
Лошотијата да се преобрази во добрина
Плачот во смеа
Тагата во радост
Омразата во љубов
Очајот во надеж
Завидливоста во восхит
Лагата во искреност.
Денес, помолете се!
Злобата да се преобрази во добронамерност
Инаетот во покајание
Лакомштината во скромност
Непријателството во пријателство
Нетрпението во трпение
Неодговорноста во одговорност
Предавството во чесност.
Денес, помолете се!
Непочитувањето да се преобрази во почит
Гневот и лутината во спокој и молчење
Лошите зборови во добри
Навредите во пофалби на подобриот од тебе
Критизерството во добра критика
Некадарноста во кадарност
Клеветата во вистина.
Денес, помолете се!
Неправдата да се преобрази во праведност
Навредите да исчезнат
Поганите усти да занемат
Неверниците да станат верници
Самољубието да се преобрази во човекољубие.
Денес, помолете се!

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели