Десет цитати за дождот, животот и врнежливото време

По повод врнежливото време со кое сме соочени изминативе неколку дена, денес ви приготвивме десет цитати посветени баш на дождот, животот и врнежливото време. Иако надвор е тмурно и врнежливо, сепак не мора да е така и одвнатре, врнежливите денови се најубави за гледање на филмови и серии, читање на добра книга, или па прекрасни цитати на нашиот блог. Како и да е,  се надеваме дека ќе најдете начин да уживате во дождот исто како и подолу запишаните творци и уметници.

1. „„Врнежливите денови треба да се поминат дома со шоља чај и добра книга.“ – Бил Ватерсон

2. „Според мене, ако сакаш да видиш виножито, мораш да го истрпиш дождот.” – Доли Партон

3. „Ниту една боја на чадорот не е битна под поројниот дожд.“ – Мехмет Мурат Илдан

4. „Дождливиот ден е како подарок – можете да спиете до доцна, а да не чувствувате никаква грижа на совест.” – Елизабет Џејн Хауард

5. „Дозволи му на дождот да те бакне. Дозволи му на дождот да те потапка по главата со течните, сребреникави капки. Дозволи му на дождот да ти запее приспивна песна.“ – Лангстон Хјус 

6. „Живот не е да чекаш бурата да помине, туку е да научиш да танцуваш на дождот.“ – Вивијан Грин

7. „Ако дождот ни го расипе излетот, но му ја спаси сеидбата на земјоделецот, кои сме ние тогаш, да кажеме дека не смее да врне?“ – Том Барет

8. „После дождот доаѓа убавото време.“ – Езоп

9.  „Милионите што копнеат за бесмртност не знаат што да прават на врнежливо, неделно попладне.“ – Сузан Ерц

10. „Отсекогаш го сметав дождот како лек – ќебенце – тешење од страна на пријател.“ – Даглас Купланд

Прочитајте и „Пет цитати за август кои ја докажуваат неговата поетичност“.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели