Пет прекрасни цитати за август кажани од писатели, поети и музичари. Некои се од дела, некои пак, од лични дневници и музика, но без разлика од каде и од кога потекнуваат, овие цитати имаат нешто заедничко, а тоа се убавината, меланхолијата и поетичноста на август од чии нишки баш потекнала инспирацијата за тие да бидат напишани. Уживајте во преостанатиот дел од август и уживајте во читањето.
1. „Се чувствувам како патник низ времето:
Јуни, јули, август.
Летото ми се растопува во устата,
a не можам да се сетам каков му беше вкусот“. – Зои Лиjан, „Бришење“
2. „Август е: Вистинскиот крај на годината.
Преку глава ми е да се обидувам да се засакам онаква каква што сум“. – Карли Хофман, „Хај Бриџ Парк“
3. „Августовски дожд: Најубавиот дел од летото поминат и новата есен уште недојдена. Чудно, нееднакво време“. – Силвија Плат, „Целосните Дневници на Силвија Плат“
4. „Август е границата помеѓу летото и есента; тоа е најубавиот месец што го знам”. – Тове Јансон
5. “Можам да нѐ видам изгубени во спомен;
август се лизна во еден момент на време,
зошто никогаш не ми припаѓаше мене“. – Тејлор Свифт, „Август“
Прочитајте и „10 цитати од Ван Гог за животот, уметноста и природата”.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.