Куклици – Андреј Ал Асади

Песната „Куклици“ на македонскиот автор Андреј Ал-Асади ја доби наградата „Енхалон“ , која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот. Жири-комисијата ја избра песната „Куклици“ од Андреј Ал-Асади поради оригиналниот поетски спев со кој се наметна. Имено, „Куклици“ претставува т.н. заумна поезија; станува збор за песна со цврста и стегната структура и силна звучност.

Куклици

Кубури колани камени
В вериги ветрени врамени,
Барабан бијат бесно браќа,
Свекорот следи слепа сваќа.

Момата младич млако мами,
Сновејќи само страсно сами,
Пребрзо прсти в прстен пика,
Родната раја в радост рика.

Скриена стега срце сиво,
Дробејќи в дланки дева диво,
Кажува клетва кума кори,
Свекорот стена нек се стори.

Кубури колани камени
В вериги ветрени врамени,
Барабан бијат бесно браќа,
Свекорот следи слепа сваќа.

Заигран зетот заум зеде,
Бакнежи бегли бара беден,
Невеста нурна наспрем него,
Лапајќи леден лапор леко.

Наеднаш нозете негови,
Камени колумни кроени,
Пипало ползејќи пругоре,
Зграгори загриза загоре.

Кубури колани камени
В вериги ветрени врамени,
Барабан бијат бесно браќа,
Свекорот следи слепа сваќа.

Вкамени весели вресоци
В студени стенливи стисоци,
Девата длабоко дрмоли,
Морена в мраморот мрмори.

Кубури колани камени
В вериги ветрени врамени,
Барабан бијат бесно браќа,
Свекорот следи слепа сваќа.

Извор

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели