Вртелешка

Весели се вртелешките како животот кој во круг нѐ носи

Кон нови предизвици, кон нови смисловни неодговорени прашања

Можеби требаше да биде поинаку

Којзнае

Можеби требаше да вивнат небесата во пламен

За да се виде неспокојниот мир,

Можеби требаше да запрат вртелешките во паркот

За да се начуе чекорот на судбината

Никој не ги знае одговорите на животните прашања

Кои се поставуваат неосетно

Доаѓаат ненадејно во ноќта

И ти влегуваат  во мозочните клетки

Се вртат, се провлекуваат низ потоци од крв

Одат кон срцето, чукаат на вратите од сетилата

Универзумот, универзумот

Таму се крие тој, во отчукувањата на срцевата крошна

Спие, спие засекогаш

Разбуди го!

Којзнае

Можеби го знае одговорот

На твојот нов предизвик.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели