На К.К.
Само ти можеше да уживаш во валцер исклесан од бронза
Но не одигра пред олтар невестен
Туку пред мрачен темен завештај далечен од Бога
Кој сама себеси си го даде
Зошто љубовта твоја беше поделена со калта од Земјата
А не со небеските височини
Рацете ти беа олтар
Широк колку целиот свет,
Но претесен за да спои разделена љубов,
Претесен за да ги вдиши мирисите на вратите на пеколот
Зошто прељубата е лута змија
И загризa бронзено јаболко од твојата челуст
Oстави траг во вечноста
Во еден портрет на старец кој беше вечно млад
Но носемнeно повисок од слободата
Да го зграпчи и твојот живот во својата дланка
Да го присвои твојот воздух,
Твојата топлина,
Твојот жар,….
Да твориш од самата помисла дека ќе опстоиш и во најлудите соништа..
И опстои,
Можеби не во животот, туку во смртта.
Можеби не во светлината, туку во темнината,
Во темните кулоари на самотијата
Каде опстојуваат најхрабрите.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.