На една прељубничка

На К.К.

 

Само ти можеше да уживаш во валцер исклесан од бронза

Но не одигра пред олтар невестен

Туку пред мрачен темен завештај далечен од Бога

Кој сама себеси си го даде

Зошто љубовта твоја  беше поделена со калта од Земјата

А не со небеските височини

Рацете ти беа олтар

Широк колку целиот свет,

Но претесен за да спои разделена љубов,

Претесен за да ги вдиши мирисите на вратите на пеколот

Зошто прељубата е лута змија

И загризa бронзено јаболко од твојата челуст

Oстави траг во вечноста

Во еден портрет на старец  кој беше вечно млад

Но носемнeно повисок од слободата

Да го зграпчи и твојот живот во својата дланка

Да го присвои твојот воздух,

Твојата топлина,

Твојот жар,….

Да твориш од самата помисла дека ќе опстоиш и во најлудите соништа..

И опстои,

Можеби не во животот, туку во смртта.

Можеби не во светлината, туку во темнината,

Во темните кулоари на самотијата

Каде опстојуваат најхрабрите.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели