Избор песни од Рабиндранат Тагоре

Избор песни од Рабиндранат Тагоре се секогаш одлична и добредојдена содржина на нашиот блог во секое време.

Таа ми го остави цветот на насмевката

Таа ми го остави цветот на насмевката,
а ги зеде плодовите на болката.
Плесна со рацете и рече
дека победила.

Пладнето имше очи на лудак;
црвена жед беснееше на небото.
Јас ја отворив својата кошничка
и најдов мртов цвет,

Тие што се блиску до мене не знаат

Таа што се блиску до мене не знаат
дека ти си ми поблиска од нив.
Тие што ми зборуваат не знаат
дека срцето ми е полно
со твоите неизречени зборови.
Тие што е собираат на мојата патека
не знаат дека со тебе чекорам сам.
Тие што ме сакаат не знаат
дека со својата љубов тебе те носат
до срцево мое

Срцето сво го фрлив во светот

Срцето свое го фрлив во светот,
а ти го подгина.
Барав радост, а наоѓав болка;
ти ми зададе болка,
и јас ја најдов радоста.

Срцето ми беше скршено на парчиња,
што ти со својата рака ги собра
и со конецот на љубовта ги врза.
Ме остави да скитам од праг до праг,
за најпосле да ми ја откриеш својата близина.
Твојата љубов ме фрли во силни маки,
а кога ја кренав главата, пред твојата врата стоев.

close

Впиши го твојот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели