Беше војник без пушка,
чувар без пиштол,
насмеана гордо чувајќи ја главата
крената високо горе
оти се имаше себеси
и никој друг не ѝ беше потребен.
Беше сè на светов,
и дожд, сонце и месечина
му пркосеше на ветерот
му испраќаше сигнали на небото.
Беше сè што сакаше да биде,
постоеше, сакаше,
со сета нејзина сила се бореше,
друг избор пред неа не гледаше.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.