Денес ги споделуваме стиховите од поемата „Младост“ на македонскиот писател и поет, Ацо Шопов. Поемата е долга четири строфи кои вешто се посветени на младоста која повторно се раѓа и изминува. Како таа тоа го прави и како поетот тоа го доживува, прочитајте подолу.
Секоја утрина се будам млад како сонцето
што далгите на сонот ги позлатува.
Како успокојува таа младост непрестајно раѓана
и со каква надеж обогатува!
Но минат бргу миговите на утрината
и еве: веќе и пладне наближува,
една мисла бавно над ведрината
потајно се спушта и загрижува.
А кога во ноќта како пред огледало
минатото се слее со иднината,
беспоштедно ме прогонат во мракот
двете будни очи на вистината.
Но утредента пак станувам пробуден од сонцето
што далгите на сонот ги подмладува,
па не знам дали од љубов или од омраза
со таа младост за сè ме наградува.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.