Измешани чувства на гордост и немоќ
Ужасна присила на одроденост од родот, од прапочетокот на создавањето
Судар на она што сум и она што можеби ќе бидам
А никогаш не сум ни била
Точка од ништожност и семожност
Алфа и Омега, почеток и крај.
Сега знам
Вавилон никогаш не постоел, бил само порта кон Боговите
Дојди! да ги измешаме гласовите, да станаме едносушни
Какви што бевме на нашите прапочетоци, кога се разбираа луѓето на Земјата.
Дојди! Дојди да ја се опиеме божествена амброзија и да заборавиме на непознатите јазици
Да сфатиме дека постои само еден, познат на сите, јазикот на љубовта.
Ќе ја снема и гордоста и немоќта
Ќе бидеме она што сме и она што сакаме да бидеме
Но никогаш не сме биле
Ќе бидеме почеток и крај
Сега знам.
Љубовта е спој на сé што е невозможно.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.