Skip to content

Молк пред вистината – Ирена Блажеска Дончева

  • by

Искршено верување за подобри денови имам сокриено во себе

Со непознати очи

Гледам кон тоа нивно ветување

Кон тоа нивно без шмек зборување.

Просто молчиш

На секоја нивна празна станица

Молчиш пред секоја нивна воздишка

Молчиш и пред погледот страшен

Молчиш во себе

За да не те сфатат погрешно

Сите оние кои мислат дека знаат

А всушност ништо не знаат.

Затоа е важен молкот

И пред вистината

И пред соништата

За да изброиш до 10

Пред да почниш да зборуваш

За да не ги навредиш

За да не ги повредиш

Зашто одамна  летнале

Со гордоста кон облаците

Мислејќи дека освоиле сè

Но само ги замениле местата

На духовното со материјалното

На вистината со непознатото

На своите со туѓите

На чекорите кои не водат никаде

Чекори празни без насоки

Луѓе неми без сни.

И погледни наоколу

Светот веќе не познава среќа

Одамна ја заменија со завидливоста

Одамна ја затрупаа со лоша навика.

Но остави ги нека летаат

Во својот филм

Во него ќе се изгубат.

Напишете коментар