Skip to content

Ѕвездено небо од стихови (за Тоше) – Ирена Блажеска Дончева

  • by

Ти си илузија

Некаде во ноќта

Во сонот што ми танцува

Како магија испратена

Под црешата засадена.

Ти Синот Божји

Кој пушташе  глас

Како  игра без граница

Која не знае за крај

Ти си сè уште за нас

сон егзотичен

Кој остави навики

За подобри денови.

Тајно моја

На овој ден

Јас молчам

Молчам со громовите на душа

Молчам и се молам за тебе

Зашто само по тебе

Моите Солзи прават златен прстен

И како Божилак

Истурен пред рајот

Зашто залудно го лажам секој нов рефрен

Кога знам  дека си таму

Кога знам дека светиш

Само како ѕвезда Северница

Но прашањата не запираат

Прашањата и по толку години остануваат

Зошто отиде

Зошто сега ангел си ти

Зошто ни остави уста полна зборови

Дали само уште една скала те дели

Од вечноста

Дали го најде своето гнездо

Во звезденото небо

Тајно  моја

Тогаш кога замина

Засекогаш.

Напишете коментар