Денес ги споделуваме стиховите од песната „Зов“ од македонскиот книжевен, културен и јавен работник, професор, академик, филолог и јазичар, книжевен историчар, преведувач, прозаист, есеист и поет, Блаже Конески. Песната се состои од три строфи посветени на есенскиот ден, неговата убавина и среќата која поетот, во тој даден миг, ја чувствува. Каков е тој прекрасен есенски ден на Конески, прочитајте подолу.
Ах овој есенски ден
со сонце позлатен!
Излези, излези брзо
заедно да проскитаме,
исти луѓе да видиме,
со иста смеа да итаме.
Срцево ми е денеска
детенце неповиено
од светлина опиено,
од овој есенски ден
со сонце позлатен!
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.