За време на граѓанските војни во феудална Јапонија, непријателските армии брзо влегуваа во градовите и ја преземаа контролата. Во едно село, сите избегаа пред да пристигне армијата – сите освен еден стар Зен мајстор.
Љубопитен за стариот човек, генералот на армијата отиде во храмот да се увери лично што човек е мајсторот. Кога не доби почести и поклонување како што беше навикнал да добива, генералот збесна.
„Будало!“ викна и посегна по својот меч, „Не сфаќаш ли дека стоиш пред човек кој што може да те пресече на половина без око да му трепне?!“ Но и покрај заканата, мајсторот изгледаше смирено.
„А ти дали сфаќаш,“ почна тој сосем мирно, „дека стоиш пред човек кој што може да биде пресечен на половина без око да му трепне?“
Прочитајте и „Поучна приказна: „Ризик“ од Пати Хансен“.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.