Северниот Ветер и Сонцето се скараa за тоа кој од нив е посилен. Додека тие остро се расправаа, еден патник, завиткан во наметка, се појави на патот.
„Да се договориме“, рече Сонцето, „дека тој што ќе успее да му ја соблече наметката на патников е посилниот“.
„Во ред “, за’ржa Северниот Ветер и веднаш задува, толку силно и студено што и воздухот наоколу почна да завива.
Со првиот налет на ветрот, краевите на наметката се развејаа околу телото на Патникот. Но, тој веднаш ги завитка околу себе и колку посилно дуваше Ветерот, толку поцврсто ги држеше за себе. Северниот Ветер налутен проба да ја искине наметката од рамењата на Патникот, но сите негови напори останаа залудни.
Тогаш Сонцето почна да свети. Отпрвин зраците беа нежни, а при пријатната топлина по горчливиот студ на Северниот Ветер, Патникот ја одврза својата наметка и ја пушти лабаво да му виси од рамениците. Како што сончевите зраци стануваа се потопли и потопли, така Патникот почна да се соблекува. Прво ја извади капата и си ја избриша веѓата, а најпосле толку се загреа што ја соблече наметката и, за да се спаси од вжештеното сонце, се фрли во добредојдената сенка на едно дрво покрај патот.
Така Сонцето му докажа на Северниот Ветер дека, понекогаш нежноста и љубезното, тивко убедување победуваат таму каде што силата и бунтот не успеваат.
Прочитајте и „Без око да трепне – Зен приказна“.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.