Skip to content

Твоите дланки – Митра Дупчинова

  • by

Чекорам по калдрмата тромо.
Одразот матејќи го умот
ми ги покажуваше намрштените веѓи,
па очите кои лутаа во далечина,
мистериозната насмевка.
Замаглено црвенило ми вриеше во душата.
Црвен дожд ги миеше очите,
кои чинам почнаа да не гледаат повеќе.

Со мислите патувам во минато, па во сегашност,
да осетиш колку ми тежеше сите овие години.
Итам по калдрмата узнаена од секое камче,
секој облак како разуздан коњ патува пред мене
минатото во иднината да го пронајде.

Ехото од бескрајот се внесло
во моето срце па чука , чука …
Итам што побрзо трагови да најдам,
додека портата од срцето сè уште отворена е.

Итам да те пронајдам за љубовта што со себе ја носам
да ја истурам во твоите дланки,
да ја почувствуваш колку жешка е,
да осетиш колку ми тежеше сите овие години.

Ме осуди без да ја знаеш вистината.
Млада бев, а се чувствував како старица.
Молчев, ја оставив тишината да зборува..
Душата не си ја испразнив,
ја голтнав сета горчина,
а требаше да ја исплукам пред тебе
и да ти ја кажам вистината.

А сега старица без иднина
во тело младешко заробена,
се тегнам по одот од облаците,
итам од коцка на коцка,
до твоите дланки да стигнам.
Знам портата отворена е, рацете го чекаат
товарот што пред години требаше да го понесеш.

Напишете коментар