Кога ќе те стават во група на заборавени, животот се менува.
Кожата ти е соголена, душата излупена, среќата е зад тебе.
Како исфрлен, истрошен партал
се сеќаваш на гордоста, милоста,
напорниот живот.
И така тој заспиваше под прозорецот
со склопени раце а велеа тро се напил.
Зборот да не ти излезе во животот.
Со скриена душа како продаден роб,
со отскриено тело кое трепереше.
Одеше често кај својата ќерка на работа,
горд на неа, насмевот лебдеше во неговото срце.
Тешки му беа последните години.
Како затвореник врзан за кревет и продаден,
издаден од неговите блиски.
Во мене сè уште патува тагата по него.
Беше убав човек а животот го предаде.
Животот негов заврши тажно.
Животот и на тие околу него завршија
како што рекол севишниот.
А после тоа сите проклетија завршија
во неповрат, како да не постоеле.