Skip to content

Кога градот заспива

  • by

Кога градот заспива,
така канделабрите воскреснуваат
неологизми со нив исто така,
биднуваат напишани на хартијата
Гомбровично,
размислувам за пејзажот пред мене
додека ме носат нотите на Чајковски
с сентиментально сыгранным вальсом
ЈАС,
диригент над вечерва,
спремен сум
да го покорам секој агол при калдрмата
во градот
додека ѓоновите оставаат белег на неа
при бифето на боемот маалски
ќе го славиме походот на светулките,
утките
сонатно полевајќи го еликсирот на ноќта
дозволи да го оговараме денот следен
ТИ,
мисловна чуденка размислуваш ли за истото
за пејзажот пред тебе
за градот покриен со бледа темнинa
и серенада молчалива, молкум одѕвекнува
како клавиши Фазиолови
велам,
durante un concerto davanti
al pubblico di Dantе
Кои сме ние?
дал ни е дозволено да го осудиме
денот
ние, ноќнољубци возвишени
но сепак исфрлени во животот
како Зелениот бран на Моне
се бориме за уште една песна
и мисловна
за опстанок во драмава бурлеска
при ноќта суетна

 

 

Напишете коментар