Skip to content

Пекарот и фармерот – Поучна приказна

Фармерот му продавал секој ден по еден килограм свеж путер на пекарот. Еден ден пекарот решил да го измери путерот и да види дали тежи точно еден килограм. Путерот сепак тежел помалку. Налутениот пекар го дал фармерот на суд.

„Кажи ми, како го мериш путерот?“, судијата го прашал фармерот.
„Чесен судијо, јас сум едноставен човек, немам специјална вага за мерење.“ одговорил тој.
„Тогаш, како го премеруваш путерот секој ден?“, повторно прашал судијата.
„Чесен судијо,“ почнал фармерот, „секое утро пекарот ми носи леб за којшто тврди дека тежи еден килограм. Го ставам на едната страна од неговата  вага, а на другата додавам путер онолку колку што тежи лебот. Доколку некој е виновен за лажење, тоа секако не сум јас.“

Поука: Во животот ќе го добиеш она што што ќе го  дадеш.

Прочитајте и „Моето цвеќе е таму некаде…“ – Извадок од „Малиот Принц“.

Напишете коментар