Денес ги споделуваме стиховите од песната „Дожд“ на македонскиот поет и писател, Петре М. Андреевски. Песната е мошне кратка и емотивна, потсетува на студена и врнежлива ноемвриска вечер во која сè и ништо не е сигурно. Каков е овој дожд и што тој му значи на поетот, прочитајте подолу.
Врне кај тебе, врне кај мене:
паѓа некој питом дожд,
како призивна молитва на тревите
кои постојано се наведнуваат
и така го фалат и слават.
Врне на тебе, врне на мене:
и сега само дождот ме потсетува
дека повторно сме заедно,
о, сега само дождот ми кажува
дека никогаш не сме се оддалечиле.
Вечен вљубеник во хаосот, сопствената инспирација и сѐ она што површински не може да се види.