Skip to content

Живот како монолог – Менче Кадинец

  • by

Добро е кога луѓето се заедно. Ако имаш проблем ќе кажеш нешто, ако немаш ќе си пијаш кафе. Дојдоа пусти времиња тешки на вратот, на грбот тежат. Кога стоеше Надица сама и сакаше нешто да каже се двоумеше кому. Надвор штама. Ако се пожалеше ќе речат до психата ти е. Ако ја болеше забот и непцето крвареше ќе речеа до психата ти е. Ако речеше испив две кила вода ќе ѝ речеа не верувам. Додека нозете ѝ беа ладни, треморот на телото ѝ го  одземаше одот, мислата и бликаше се некој непознат своја теорија даваше. И така се преку некој ден. Се надвило времето над душите продира во нив, кини делови. Нејзиниот живот, живот како монолог. Сакаше како вода да може да побегне, како птица да прелета. Ноќта долга како на рамена да ја носеше го бараше аголот на светлоста. Каде да прошета покрај реката,покрај аптеката,покрај непознат а познат кој си има маки и не може да прозбори ни “Добар ден”. Секој по својот пат, секој по својот спас! Живот како монолог!

Менче Кадинец

Напишете коментар