Skip to content

Мудроста на есента

Ох, колку е мудра есента, знае да ги собере сите плодови

Да ги позлати сите врати на земјината шир

но не и мојот мир,  но не и мојот мир.

Есента  е толку мудра што и Сонцето почнува  да ги намалува дните

И светлината почнува да станува црна, мастилеста  ноќ

Но не може да ја скроти мојата темнина, мојата немоќ.

Стара е како мудрост есента, и жално нѐ води кон смртната зима

Сега секој би ја посакал палавата пролет

Дури и јас сакам да дојде, душава да ми ја запролети, да ми даде нов залет.

Есенски лисја, ме слушате ли?

Газам низ вашите мртви тела како љубовници разделени

Се прашувам уште колку со среќата ќе бидеме одделени.

Не знаеме, ми одговараат мудро, ние сме сестри на мудроста

Не ја разбираме љубовта, сестра на лудоста.

Муроста на есента не е моја посестрима златна

Таа ме носи во заблуда матна,

Мртвите лисја ќе оживеат следнава пролет

Нашта љубов кога ќе добие полет.

Напишете коментар