Skip to content

Песна на денот: „Во тишината“ од Цане Андреевски

Денес ги споделуваме стиховите од песната „Во тишината“ на македонскиот поет, раскажувач и писател за деца, Цане Андреевски. Песната е напишана во редови и е мошне кратка, но сепак во себе ја опфаќа целата човечка тишина на која му е и посветена. Каква е таа тишина и што се случува во неа, прочитајте подолу.

Понекогаш е толку тихо
во полето на нашето чувствување,
и како ветки есенски, оголени
стрчиме без тревожното бранување.
Умората ги дипли своите пласје
врз крилјата на нашите лудувања,
тишината со здивот свој ги гаси,
ги ништи и најмалите жеднувања.
И боли таа тишина несакана
со тоа спокојство натежнато и камено,
па тогаш пчела сум – во мракот изгубена,
скаменета во својата осаменост.

 

Напишете коментар